Долгогодишно искуство и лидерство на пазарот

Sit Com 2000 е компанија со долгогодишно искуство, основана во 1995 година под името „СИТ КОМ“, кога започнува како увозник и дистрибутер на светлосна опрема за патнички возила. Во 2000 година компанијата значително го проширува својот асортиман, воведувајќи комплетна понуда на каросериски авто делови од реномирани светски производители, при што го добива и денешното име „СИТ КОМ 2000“.

Денес претставува еден од водечките увозници и дистрибутери во Македонија, со повеќе од 15.000 производи постојано достапни на лагер. Понудата опфаќа широк спектар на делови како хауби, крила, браници, фарови, ретровизори, ладилници и многу други, наменети за различни марки на возила, вклучувајќи Audi, BMW, Mercedes, Volkswagen, Opel, Renault, Peugeot и други.

 
 
Scroll to Top